Домашен мезе паризер
Исецкајте го месото на мали коцкички. Ставете 300 гр во блендер, а другите оставете ги на страна. Во блендерот додадете ги зачините, ситно исецкан лукот и маслото, па изблендирајтедо кашеста содржина.
Во сад на страна изматете ги јајцата. Додадете го гризот, блендираното месо и магдоносот. Измешајте убаво со шпатула или лажица. На крај додадете ги маслинките исецкани на кругови или оставете ги цели ако сакате и месото кое предходно го тргнавме на страна.
Уште еднаш се промешува убаво се и содржината се пренесува врз поцврста најлон самолеплива фолија, се распоредува во облик на салама и на краевите се витка како бомбона.
Вака стокмена се обвиткува одозгора со алу-фолија на истиот начин, па се става во подлабок сад во кој се налева вода 2/3 вода од неговата висина.
Се остава да се готви на средно тивка температура (онаа температура која ќе е доволна водата да испарува, но не и да врие) околу 1 час.
Времето можи да е и пократко (околу 45 мин) доколку имате сад каде би ја собрала целата салама и толку длабок да ја покрива целосно со вода. Кај мене не ја покриваше, па ја оставив 1 час со повремено превртување на саламата од сите страни. По кој услов и да ја готвите, репер дека е готова е кога е цврста при допир.
Доколку не сакате да ја превртувате а немате толкав сад да ја собери и да ја прекрие нивото на водата, тогаш можи смесата да ја поделите на 2 дела и да направите 2 потенки и помали салами, особено ако ја правите за пречек на гости пак, ќе ви излезат повеќе и позгодни, поситни парчиња за сервирање, а и не мора да превртувате додека се готви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Да се вратам на рецептот сега :) ОВде е исто така сликано уште не дооладено. Можам да кажам дека е навистина убаво вкусно мезе, спремено на нестандарден начин и ако имате желба да го пробате девојки, слободно впуштете се во авантура. Верувам дека и вам ќе ви пружи слично задоволство како мене ;)
Што се однесува до маслинките, ако не ги сакате, воопшто и не мора да ги ставите, ниту пак да ги заменувате. Можи наместо нив и уште некој грам сечкано пилешко да се стави. За печурките, не би знаела да кажам. За мене се тегави и никако не се навикнав да ги јадам, иако се трудам :) но претпоставувам дека би требало прво да се запржат ако се ставаат, зависно која врста и какви ќе се во избор веројатно :)))
А како бе тоа се ртрудиш да се научиш печурките да ги јадеш, а!? Пробуваш секој ден по една !?!?! :))))
au sekoj den! neee! na primer, koga ponekogas naracam pica i zaboravam da im kazam da ne stavaat pecurki... e, togas ako ima nekoi sitni i ne se mnogu ligavi ete namerno ne gi trebam site ami kasnuvam po 3-4 :))) (za razlika sto do skoro i ronka da e ja sekavav i ja plukav :) )
за печурките, можи не с еизразив најдобро. лигави се маринираните шампињони кои најчесто ги има во пиците, а останатите освен што грдо ми мирисаат и гумени ми се за јадење :))) ми се чини дека никогаш нема да се научам да ги јадам, освен ако не морам :)