Во загреано масло го запржуваме кромидот.
Го додаваме меленото месо.
Кога е запржено, оризот го промешуваме во садот.
Зачинуваме.
Тиквите ги миеме и не ги лупиме.
Ги длабиме и полниме со зајрето.
Ги редиме во земјена тава и попрскуваме со масло.
Ги дополнуваме со вода колку да ги покрие.
Печеме во рерна малку подолго, да се загрее убаво земјеното тавче.
Откако ќе провериме колку е варено и видиме дека е при крај, матиме кисело млеко и јајце и прелеваме врз тиквите.
Оставаме уште малку во рерна да се запече преливот.
Се јаде топличко, додавајќи јаболков оцет.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови