Испечати

Долма во земјена тава

Долма во земјена тава

Состојки

  • 2 тиквички
  • 300 гр мелено месо по избор
  • 150 гр ориз
  • 1 кромид
  • 1 супена лажица мешан зачин
  • 4 јајца
  • 500 мл кисело млеко

Подготовка

Во загреано масло го запржуваме кромидот.
Го додаваме меленото месо.
Кога е запржено, оризот го промешуваме во садот.
Зачинуваме.
Тиквите ги миеме и не ги лупиме.
Ги длабиме и полниме со зајрето.
Ги редиме во земјена тава и попрскуваме со масло.
Ги дополнуваме со вода колку да ги покрие.
Печеме во рерна малку подолго, да се загрее убаво земјеното тавче.
Откако ќе провериме колку е варено и видиме дека е при крај, матиме кисело млеко и јајце и прелеваме врз тиквите.
Оставаме уште малку во рерна да се запече преливот.
Се јаде топличко, додавајќи јаболков оцет.
На здравје