Батаците измијте ги и ставете ги во поголема тава.
Премачкајте ги со сенф, посипете ги со маслиново масло и зачинете ги со мешан сув зачин и црн бибер.
Во тавата покрај батаците ставете ги компирите исечени на поголеми парчиња.
И компирите премачкајте ги со сенф, посипете ги со малку масло и зачинете ги исто со мешан сув зачин и црн бибер.
Морковите исечете ги на погоеми кругови и додајте ги во тавата.
Налејте топла вода, додајте го сецканото лукче, поклопете со капак и оставете да се динста.
Повремено превртувајте ги копаните и налевајте топла вода.
Пред крај на динстањето кога копаните ке омекнат додајте го сецканиот магдонос и кечапот.
Со лажица промешајте го кечапот со водата во тавата и исклучете го шпоретот.
Оставете ја тавата да постои на топлата рингла 5 минути, и послужете.

Инаку во рецепт си ставам и кисели краставички при динстањето, но ете беа спремани исецкани, ама заборавив да ги пикнам во тавата, затоа ако некој го проба рецептот нека си стави и 2 кисели краставички исечени на тенки стапчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани