Десерт пудинг во чаша
Десертите од овој тип,ги преферираме во топлите летни денови.
Тие ни се некако нежни по вкус,па како да ми се вклопуваат со топлите летни ноќи.
За денес,десерт со мандарина,чоколадо и пудинг.
Исцедете го свежиот сок од мандарините.
На страна растопете 9 грама желатин со 6 лажици ладна вода,па оставете да набабри.
Откако е набабрен, ставете го во сад на оган нека се растопи,но нека не зоврие.
Помешајте го прво со неколку лажици сок од мандарина,а потоа кога убаво ќе се помеша смесата додадете ја во останатиот сок.
Наполнете ги чашките каде ќе сервирате и ставете ги да се изладат во фрижидер.
Кога смесата е готово изладена,сварете го прашокот за пудинг во 400 мл млеко.
Овде постои можност да ставите 2 реда чоколадо во самиот пудинг или пак при сервирањето, да ставите по две коцки чоколадо помеѓу портокаловиот дел и пудингот.
Јас ставив по две коцки во средина.
Значи откако е изладен првиот портоклов дел ставив две коцки чоколада,па полеав со варениот пудинг.
Декориорав со парчиња портокал,мандарина и физалис.
Оставив да постои уште 20 минути,па служев.Вкусот е киселкасто благ.
По вкус можете да декорирате и со слатка павлака.
На здравје
Забелешка
Десертот може да е подготвен и од сок од портокал. Пробан ни е секако и сме пријатно изненадени.Комбинацијата портокал чоколада е незаменлива.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Sovrseno :-)