Десерт во чаша
Подготовка:
1.Се зоврива млекото со ванилата и шеќерот. Се матат жолчките со нишестето. Им се додава врелото млеко, се убаво се миксира, се враќа на оган и се вари до потребната густина.
2. Во жешко се додава путерот со миксирање, па сирењето исто се соединува со миксер.
3. Се лади покриено со стреч фолија на самата површина од кремот. Кога е ладно уште еднаш се миксира.
4. На дното од чашата кршен кекс, па жолт крем, банана сечкана на кругчиња, матена слатка павлака. Украсување по желба.
Уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани