Десерт во чаша
Состојки
- 375 гр. од вашиот омилен кекс
- 4 сецкани банани
- 500 мл. матена слатка павлака
- 500 мл. млеко
- 5 жолчки
- 3 ванили
- 130 гр. шеќер
- 70 гр. нишесте
- 50 гр. путер
- 350 гр. маскарпоне или некоја соодветна замена за него
Подготовка
Подготовка:
1.Се зоврива млекото со ванилата и шеќерот. Се матат жолчките со нишестето. Им се додава врелото млеко, се убаво се миксира, се враќа на оган и се вари до потребната густина.
2. Во жешко се додава путерот со миксирање, па сирењето исто се соединува со миксер.
3. Се лади покриено со стреч фолија на самата површина од кремот. Кога е ладно уште еднаш се миксира.
4. На дното од чашата кршен кекс, па жолт крем, банана сечкана на кругчиња, матена слатка павлака. Украсување по желба.
Уживајте.