Деликатес шпагети
Подготовка:
1. За подготовка на овој деликатес најпрво ви е потребен огноотпорен стаклен или порцелански сад. Може да употребите и некоја салатиера, а јас овој пат го направив во не многу голем, огноотпорен порцелански сад со димензии 25*10цм. Убаво премачкајте го со двете лажици путер и наросете го со сувиот магдонос.
2. Шпагетите треба да се од најдебелите. Не заради нешто друго, туку заради времетраењето на обвивањето околу садот. Колку подебели, толку побрзо ќе го обложите садот. Овој пат не најдов шпагети со дебелина нм.3, па искористив со нм.5. Ги сварив неколку минути, ги исцедив и кога ќе се оладат се почнува од средината на дното на садот. Се вртат во круг, една по друга, прво дното, а потоа и страните. Лесно се лепат ако е садот убаво премачкан со путерот.
3. За смесата со меленото месо, само ставете ги сите состојки во некоја вангличка и убаво измешајте ги. Смесата ќе биде малку помека ама така треба, да може убаво да се нанесе преку шпагетите.
4. Во средината од смесата од мелено ќе ја ставите смесата од спанаќ. Исто и за неа соединете ги сите состојки, плус ќе ги додадете и преостанатите шпагети кои ќе ги исечкате на 1 до 2 цм и нанесете ги врз меленото месо.
5. Садот прекријте го со фолија. На средината отворете мало дупче. Садот ставете го во некоја малку поголема тепсија и во неа ставете вода.
6. Печете во загреана рерна на 180 степени, отприлика 70-75 минути.
7. Откако ќе го извадите од рерната, нека се олади некоја минута и превртете го на тањирот на кој ќе го послужите.
8. Убаво одговара со доматниот сос со сланина. Едноставно се подготвува, исечканата сланина испржете ја и додајте го доматниот сос, па зачинете со оригано. Нека повари минута-две и готов е.
Ем што е декоративно јадење, многу е вкусно и одговара за секоја свечена трпеза, но во секој случај и за убав ручек со најблиските. Со чаша вино, нека ви е на здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Уникатно, секоја чест Јуле :-)