Далматински колач
Така е запишан во нотесот, сигурно сум го препишувала некогаш од некое списание, вкусно благце е ова.
Постапка
1. Измешајте ги во чинија сите суви состојки.
2. Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги сувите состојки.
3. Ставете да се пече на 180-200 степени во предходно загреана рерна.
4. Во касеролата ставете шеќерот и водата, нека врие околу 5-6 минути.
Прелијте го печениот колач.
Напомена
Овој колач си има и глазура
100 гр. чоколада се топи со 3 лажици зејтин и се залива веќе со шербетот прелиен колачот.
Јас само еднаш така направив, вака ми е повкусен, односно да не биде како што велиме ние - Тажно благо - вака повеќе ни се бендисува, што не значи дека вие не може да ставите. Слободно ставете, па дури и врз чоколадната глазура можете да нанесете и шлаг или беланец.
Да ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани
Еден од омилените парени колачи.