Школки на далматински начин
Пред доста години, кога кај нас прв пат по големите маркети стигнаа морските плодови, јас немав никакво искуство во врска со нивното приготвување. Благодарејќи му на интернетот, поточно на познанствата кои виртуелно се стекнуваат „запознав“ еден голем човек, кој за жал повеќе не е на овој свет, Далматино. Го запрашав со порака, да ми даде некој совет. Тој ми рече, за подготовка на секоја морска храна потребни се 5 работи, добро маслиново масло, лимон, лук, магдонос и бело вино... тоа е тоа, убавината е во едноставноста...
Најпрво на маслото запржете ги школките. Потоа додајте го лукчето, нека запржи малку да го пушти мирисот, па виното, лимонот исечен на парчиња, посолете и оставете го сето да издинста. На крајот додајте го магдоносот. Уживајте со чаша бело вино, на здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
I jas nikogas ne sum zgotvila... ama ke bide i toa po tvojot recept :-)