Гурмански таљатели
Рецепт за гурмани, но овака како јас го спремив, со мевце приготвено на скара. Јас користев мешано месо од скара. Во оргинал рецептот стои месо по избор. Имав многу остаток од претходно спреманата скара, па решив да го искористам.
Подготовка:
1. Исецкав се на мали коцкички и ги затоплив. Нема што да се пржи, но ако спремате со друго месо, тогаш запржете го убаво месото.
2. Во другата тава пржете ги печурките кои ги исековте на парченца. Кога се пржени додајте им сецкан лук и кромид. Нека се пропржат, па додајте лажица путер и лажица брашно.
3. Полијте со зеленчуков бујон и бело вино за поубав вкус. Додајте и лажица павлака и добро измешајте. Во смесата вратете го месото и помешајте убаво.
4. Пастата треба да е готова, не ја преварувајте да биде прекрасна. Помешајте заедно во еден голем сад, па служете.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови