Гулаш со јунешко месо и шампињони
Верувам дека во секоја кујна се приготвува гулаш на многу начини.Еве од мене еден начин со месо и печурки.Прво го запржуваме ситно сечениот кромид.Потоа го додаваме и сеченото месо на помали парчиња.Откако ќе се запржи се додава сол,зачин од сушен зеленчук,црвен и црн пипер и се полева со виното.После некоја минута се полева околу 1,5 литри врела вода,се додават 4 листови ловоров лист и се остава да се динста на тивко околу 1 час и 15 минути.После тоа се додаваат и измиените и исечени на покрупно шампињони.Гулашот треба да врие уште половина час.Ако е потребно во текот на динстањето додадете уште вода,но ако динста на тивко оваа количина вода ќе ви е доволна.
Како прилог со гулашот можете да послужите пире,ориз,тестенини или варен компир,по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови