Гулаш со јунешко месо и шампињони
Состојки
- Состојки
- 500 гр јунешко месо
- 350 гр. свежи печурки шампињони
- 400 мл кромид
- 200 мл црвено вино
- Од зачини сол,зачин од сушен зеленчук,црвен пипер,ловоров лист
Подготовка
Верувам дека во секоја кујна се приготвува гулаш на многу начини.Еве од мене еден начин со месо и печурки.Прво го запржуваме ситно сечениот кромид.Потоа го додаваме и сеченото месо на помали парчиња.Откако ќе се запржи се додава сол,зачин од сушен зеленчук,црвен и црн пипер и се полева со виното.После некоја минута се полева околу 1,5 литри врела вода,се додават 4 листови ловоров лист и се остава да се динста на тивко околу 1 час и 15 минути.После тоа се додаваат и измиените и исечени на покрупно шампињони.Гулашот треба да врие уште половина час.Ако е потребно во текот на динстањето додадете уште вода,но ако динста на тивко оваа количина вода ќе ви е доволна.
Како прилог со гулашот можете да послужите пире,ориз,тестенини или варен компир,по желба.