Пред да ги замесите грицките пропржете го сусамот на тивок огин малку да ја смени бојата.
Брашната измерете ги и измешајте ги заедно со квасецот и солта.
Во сад за месење сипете го виното и маслото и почнете да месите.
Откако ќе добиете средно меко тесто кое ќе ви се одлепува од садот сипете ги сусамот,макот и ленот и повторно месете додека сите сотојки не се соединат.
Со оглагија расукајте кора и вадете различни форми со помош на калапчиња.
Печете петнаесетина минути на 200степени.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани