Грицки со три вида на брашно
Состојки
- 600гр. брашно пченично,пченкарно и интегрално (по200гр. од сите три)
- 200гр. масло
- 200гр. бело вино
- 1 сув квасец
- 1 лажица сол
- 50гр. сусам
- 50гр. афион(мак)
- 50гр. лен
Подготовка
Пред да ги замесите грицките пропржете го сусамот на тивок огин малку да ја смени бојата.
Брашната измерете ги и измешајте ги заедно со квасецот и солта.
Во сад за месење сипете го виното и маслото и почнете да месите.
Откако ќе добиете средно меко тесто кое ќе ви се одлепува од садот сипете ги сусамот,макот и ленот и повторно месете додека сите сотојки не се соединат.
Со оглагија расукајте кора и вадете различни форми со помош на калапчиња.
Печете петнаесетина минути на 200степени.
Добар апетит!!!