Одличен колач кој се приготвува лесно и брзо, во посна или мрсна верзија, зависно потребата.

Подготовка

1. Во касерола на тивок оган го карамелизираме шеќерот, внимавајќи да не ни загори. Шеќерот мора постепено да се растопува, но никако не смее да поцрне. Промешајте го убаво со дрвена лажица за да се изедначи. Сега ја додаваме водата, внимавајќи да не прска.
2. Во првиот момент карамелот ќе се стврдне, но после неколку минути ќе започне да се растопува. Протресете го тенџерето и започнете повторно со мешање додека да се раствори карамелот целосно. Кога шеќерот ќе се растопи во водата додадете го маргаринот (путерот). Нека се стопи целосно. Потоа ги додаваме бисквитите и оревите, соединуваме.
3. Нека излади смесата 2-3 минути, па рамномерно ја распоредуваме целата смеса врз лист обланда свртена со крупните коцкички нагоре. Израмнете ја смесата, па поклопете одозгора со друг лист обланда, со крупните коцкички свртена надолу кон филот.
4. Со рацете притискаме убаво, да се залепи листот обланда за филот, па одозгора ставаме нешто тешко и така ја оставаме обландата од вечер, односно неколку часа. Потоа со остар нож сечеме парчиња, во големина по желба.

Забелешка - Јас парчињата ги сечев со големина 5 на 10 коцкички, и добив околу 70 парчиња. За посна варијанта користиме маргарин и посни бисквити.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани