Пита со 4 кори (посна или мрсна)
Сум ја правела и мрсна и посна и секако е убава. Ако ја правите во мрсна верзија одозгора премачкајте ја со јајце, а за посна со маргарин или масло.
Во топлата вода ставете го квасецот и шеќерот, промешајте да се стопи и постепено додавајте од брашното месејќи, додајте ја и солта и направете мазно и меко тесто.
Поделете го на 4 дела, формирајте топчиња и оставете ги да одморат половина час.
Маргаринот стопете го.
Празот и спанаќот ситно исечкајте ги и протријте ги со солта низ раце.
Секое парче тесто расучете го што потанко можете, премачкајте го со маргаринот и ставете од филот. Така направете со сите гори редејќи ги една врз друга.
Завиткајте ги во ролат па во форма на полжав.
Со рацете подраширете го малку, па со сукало внимателно расучете го со големина на тавата во која ќе печете. Јас печев во 34 тепсија.
Премачкајте ја питата со јајце и со вилушка поминете ја спирално, да се добие шарата.
Приклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее ставете ја питата да се пече се додека убаво не зарумени.
Кога ќе ја извадите, прекријте ја со кујнска крпа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Прекрасен рецепт, се почастив за роденден наместо торта :))
Мераци големи, сладости :)