Тиквата се сече одозгора, се отвара како грне горниот дел да изгледа како капак. Се чисти од семките. Гравот се вари како за тавче гравче. Јас го варам со кромидот, пиперката морковот. Се ставаат зачините и на крај се запржува само со црвениот пипер. Може да си го направите како обично си го правите гравот за гравче тавче, со сите зачини што си ги употребувате (нане,магдонос,ловоров лист). Кога е готово се полни во тиквата, се сече сланината на парчиња и се става внатре. Не мора сланина да биде, може колбасии, ребра, риба или без ништо,тоа е ваша желба. Се поклопува тиквата со горниот дел, се става во тава и се пече на 200 степени во рерна 1 до 2 часа додека не се испече тиквата. Се лади и се сервира така со се тавата. Малце необично,  но многу вкусно и интерсно. Да ги изненадите најблиските и гостите. Добар апетит...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови