Гибаница
Гибаница или гужвана баница, како и да ја наречеме , вкусен и одличен појадок.
1. Јајцата ги матиме со миксер кратко. Додаваме кисело млеко, зејтин и кисела вода. Пак матиме. На крај го додаваме искршеното сирење.
2. Плехот го премачкуваме со зејтин и ставаме 4 кори со тоа што половина од кората да е во плехот, другата половина надвор. Попрскуваме со малку зејтин и ставаме уште една кора.
3. Оставаме две кори на страна , а останатите кора по кора ги намакуваме во смесата со јајца и така изгужвани ги ставаме во плехот. Истото го повторуваме со сите кори.
4. Врз корите ставаме една од двете тргнати на страна кори, попрскуваме со малку зејтин, ја ставаме и втората кора, попрскуваме со малку зејтин и ги преклопуваме корите кои ги ставивме први.
5. Премачкуваме со изматено јајце со зејтин. Врз ова ставаме мали парчиња путер.
6. Ја уклучуваме рерната на 200 степени. Кога ќе загрее рерната,се става гибаницата да се пече 25 минути на 200 степени.
7. Откако малку ќе олади се сечат парчиња и се сервира со кисело млеко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови