15
дек
2012
Германски колач со јаболка
Најпрво се лупат јаболката и се сечат на слаби парчиња и се цеди над нив сок од 2 лимони. Се оставаат да стојат додека се приготвува тестото.
Се матат белките со шеќерот па се додаваат жолчките, ванилата, маргаринот сечкан на парчиња, брашното и пецивото. Сето се миксира со мала брзина од миксерот. Се додава и кора од 2 лимони во тестото.
Ова тесто се става во голем плех од шпорет на намастена хартија и над него се редат исцедените јаболка од сокот. Одозгора над нив се става ванила,цимет....по желба и се печи во загреана релна 25минути на 200степени. Пријатно!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови