Ганаш со малини
За ганашот е иста постапката и за црното чоколадо и за белото чоколадо, но се прават одделно.
Во сад на пареа се става чоколадото со слатката павлака, се меша се додека да се растопи чоколадото и да соединат убаво.
Прво го растопив црното чоколадо и оваа смеса се става во хартиени корпици ( бр. 1) , околу третина од корпицата да се наполни.
Се става во фрижидер за да се стегне малку.
Потоа истата постапка се повторува и со белото чоколадо и слатка павлака.
Добиената смеса се става врз претходно стегнатиот црн ганаш, уште една третина се полни во корпиците со оваа смеса.
Во сад на оган се ставаат малините, претходно одмрзнати, во нив се додава шеќерот и се мешаат додека шеќерот да се растопи и додека да зоврие смесата.
Се оставаат да се олади.
Во помал сад се става желатинот со 50мл вода да набабри. Кога малините ќе се подизладат во нив се додава желатинот убаво се промешува и од оваа смеса се става во претходно стегнатиот бел ганаш.
Се остава да се стегне и потоа може да се конзумираат.
Од оваа смеса и од малите корпици што ги користев излегоа околу 70 колачиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови