Габриела колач
Рецепт од Линда, фина госпоѓа, домаќинка, мајка, жена со најсимпатичнанта насмевка. Таа вели дека ова е рецепт кој потекнува од Романија,
Кората
- Пенесто се изматуваат белките, постепено додавајки го шеќерот. Откако се изматат во цврст снег, се додаваат оревите кои веќе сте ги измешале со лебните трошки, внимателно со лажица измешајте и ставете во плех од шпоретот кој сте го послале со хартија за печење. Ставете во предходно загреана рерна на 160 степени, нека се печи околу 30-40 мин, извадете ја и оставете да се олади. Оладена кората пресечете ја на половина.
Додека се печи, вие спремајте го филот.
Фил
- Со миксер пенесто изматете ги жолчките и шеќерот, додадете ја ванилата, потоа додадете го млекото во кое сте го раствориле брашното или густинот, ствете на тивко да се вари постојано бркајки го, треба да добиете смеса како пудинг. Тргнете настрана да се олади покривајки го стреч фолијата за да не ви фати кора.
- сматете ја шлаг пената според упатството.
- Изработете го пенесто маргаринот со миксер, додајте во него оладениот крем и шлаг пената, продолжете да матите се додека не се спојат во едноличен крем.
Филување
- На едната половина од кората ставете го целиот фил, израмнете добро, одозгора поставете ја другата половина, нежно налегнете ја.
Послужете ја сечејки парчиња како вие ке си одберете.
ЗАБЕЛЕШКА
-Ова е прилагоден од мене рецепт бидејки оценив дека ќе биде доста сладок, се одлучив да го изменам онака како што го напишав, а оригианалот е следниот- белките се матат со 250 гр. шеќер., а во филот 150 гр. шеќер. Маргаринот е 250 гр. мислев дека е премногу на таа количина и затоа истата ја намалив, а за сметка на скратениот дел изматив шлаг пена во 125 мл. млеко, па ја додадов во филот. Може да ставите и рум доколку сакате, а доколку обожавате слатки колачи тогаш направете го со погоре напишаната количина на шеќер за кората и за филот исто така шеќерот и маргаринот, но тогаш изоставете го шлагот.
- Плехот од рерната на шпоретот е од помалите, не е од големите. Јас смесата ја поделив на два дела и ја ставив во две помали плекчиња 20х30
- Кората ја сечете на половина дали по должина или ширина - тоа оценете вие со оглед на какви парчиња сакате да сечете.
- Овој колач дозволува да го формирате и како торта.
Оправдано се плашев дека нема да остане за наредниот ден за да сликам по дневна светлина, поради што и сликата е таква каква што е, на сијалица сликање толку можам.
-Овој колач е премногу лесен за правење но и за јадење, брзо го снемува и се покајав зошто не неправив дупла доза.
Лиценца: Сите права се задржани