Вртен колач со јаболка
Еден убав рецепт кој го видов и ми се допадна. Беше специјалитет во еден познат ресторан, па решив да го приготвам дома. Сум спремала разни рецепти со јаболка, но и овој како и останатите ми остави преубав впечаток.
1. Од јајцата, брашното, маслото, шеќерот и пецивото замесуваме убаво меко тесто. Додаваме цимет, ванила и прстофат сол. Веднаш расукуваме кора од која сечеме ленти околу 4 сантима широки.
2. Јаболката,претходно отстоени во вода со сода, ги миеме и ги сецкаме на парчиња. Ги попрскуваме со мешавина од цимет и шеќер.
3. Тавата ја обложуваме со хартија за печење од сите страни. На дното постиламе парче од кората.
Натапкуваме секаде да се постеле добро. Премачкуваме со мармалад. Јас ставив домашен мармалад од кајсии. Го почнав редот да го вртам со јаболка(видете на сликите подоле). Откако наредив ред јаболка ставив еден ред, една лента од кората која претходно ја исеков на ленти.
И така ја вртев тавата- ред јаболка, ред кора.
4. Откако ја завршив оваа прекрасна ружа од јаболка ја попрскав со мешавина од шеќер и цимет.
Ја оставив околу 10 минутки да постои и ја ставив да се пече во претходна загреана рерна. Ја печев на 180 степени околу 40 минути. Си се испекоа убаво јаболкцата, си го пуштија сокот во тестото. Откако ја извадив, само ја попрскав со шеќер во прав. Не ставив многу,сакав повеќе да го вкусам сокот од јаболкото.
Пробајте ја, нема да згрешите.
Нека ви е на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови