Подготовка:

1.Вргањот убаво исчистете го,  исечете го на помали парчиња и ставете го во посолена вода да зоврие. Првата вода истурете ја. Измијте ги печурките, ставете друга чиста вода, посолете ја и оставете да се варат 25 минути. Потоа истурете ја водата, а печурките оставете да се изцедат.
2. За маринада ставете литар и половина вода, додајте лаворов лист, црн бибер во зрно, лук, шеќер, сол се промешајте и ставете да зоврие. Во зовриената вода додајте оцет,
3. Печурки ставете ги во маринадата и оставете да повријат 5-10 минути на тивко. Потоа ставете ги во тегла. прелијте ја теглата со маринада и затворете ја убаво. Теглата завиткајте ја во ќебе и оставете да се излади.
Добар апетит!
Во зимно време отворете тегло ставете печурки во чинија, исечкајте кромид додајте малку маслиново масло и ке добиете убаво мезенце!
Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани