24
јун
2020
Вкусен леб со семиња
1. Во сад се ставаат сувиот квасец, солта, шеќерот и млаката вода, се меша со лажица и се остава 15 минути.
2. Потоа се додаваат семињата, се меша и постепено се додава просеаното брашно.
3. Тестото се меси и се остава да нарасне 1 час.
4. На набрашнета подлога со оклагија се рассукува правоаголна кора, се витка како ролат и се става во намрсено калапче за леб. Се пушта рерната на 200 степени.
5. Кога ќе се загрее рерната, лепчето се пече 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани