Испечати

Вкусен леб со семиња

Вкусен леб со семиња

Состојки

  • 1 ќесичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 300 мл. млака вода
  • 3 лажици сончоглед (лупен, пржен)
  • 3 лажици јачменови снегулки Натура
  • 2 лажици интегрален сусам Натура
  • 300 гр. брашно (пченично)

Подготовка

1. Во сад се ставаат сувиот квасец, солта, шеќерот и млаката вода, се меша со лажица и се остава 15 минути.
2. Потоа се додаваат семињата, се меша и постепено се додава просеаното брашно.
3. Тестото се меси и се остава да нарасне 1 час.
4. На набрашнета подлога со оклагија се рассукува правоаголна кора, се витка како ролат и се става во намрсено калапче за леб. Се пушта рерната на 200 степени.
5. Кога ќе се загрее рерната, лепчето се пече 30 минути.