Вкусни веге плескавици
Само уште еден предлог како да направите вкусни веге плескавици, за време на пост или едноставно ако не конзумирате месо од било кои други причини. Само да се надополнам дека смесата е доволна и за цела гозба, па обично ја подготвувам половина сите кои ги пробале се изненадени од нивниот вкус.
Наутот се остава да кисни во вода 24 часа (обично преку ноќ го оставам), се цеди, се миксира во блендер со исто толкава количина чистен и насечен кромид, во микс смесата се додаваат компирите варени и рендани.
Црвените соја трошки (1 рака)се ставаат во шоља во врела вода да постојат неколку минути, да се омекнат, па се цедат добро низ цедалка и плус натиснете ги со лајцата одгоре дополнително да ја испуштат цела течност.
Потоа следуваат зачини мешан сув зачин, пипер-црвена за макање, оригано, сол, црн пипер, зачинете според вкус. Од смесата се прават формички за помали плескавици плоснати на потенко, секоја се валка во брашно и се пржат во масло во сад со не леплива површина.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
очекувај во текот на наредната недела :)