Ово гулаш е познат и како Вински кебап,
 
- Месото се сече на големина која вие ја сакате. Посолете го и ставете го на зејтин да се задушува и нека крчка се до испарување на водата која месото ја пушти.
- Додадете сецканиот кромид и лук, нека продолжи да крчка се до нивно омекнување, притоа неколку пати разбркајте.
- Залијте го со виното. После неколку минутки додадете црниот бибер
- Разбркајте 2-3 пати и додадете го брашното, повторно пробркајте да се раствори, додадете го црвениот пипер.
- Со млака вода растворете го доматното пире, ставете во садот, додадете го и шеќерот, ловоровиот лист- разбркајте.
- Поклопете со капакот и нека се бавно вари. Кога е готово додадете го сецканиот магданос.
- Сервирајте со пире или бел ориз.

Напомена
Доколку се готви во Гурметот, тогаш ќе изберете најнискиот степен за бавно варење и нека крчка околу 3 часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани