12
ное
2012
Визитарски таратур
Прекрасна и лесна салата за задоволни гости, која се припрема многу лесно и брзо, а не требаат и многу намирници.
Едноставно добро измешајте ја павлаката со урдата, додадете ја краставицата, ситно сецкана или рендана, истолчениот лук и мелените ореви.
Понекогаш урдата знае да биде попосна или помрсна, па спрема желба можите да додадете и минимално количество на масло. Најчесто воопшто не мора. Се убаво измешајте и распоредете во длабоки садови,
Чувајте ја во фрижидер до служење и украсете ја по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
super Klara edna od moite omileni salaticki:)
Јуле, напишав визитарски да не се помеша со оној обичниот, класичен Таратур, после Лиле пак да ме кампузи :))) инаку, во тефтерот ми стои како Таратур салата :) ....као демек пософистициран Таратур онака за пречекување и на гости, а што да не се јади и засебно -секако одговара ;)
Дани, лук има и тука, а оревите се мелени за да ја упиваат течноста која можи да ја испушти павлаката и изварката додека отстојува во фрижидер, па да е компактна, неводеста кога ќе се послужи во гостински случај, а ако се употребува одма и со сецкани оревчиња мора да е супер и тоа како што викаш со кофтенца, некое мевце или пак и кифлички бркаат работа ...;)