Визитарски таратур
Состојки
- 1/2 кг изварка (урда)
- 400 мл кисела павлака
- 1 свежа краставица или неколку од туршија
- 5-6 чешниња лук (по желба и вкус)
- 50 гр мелени ореви
Подготовка
Прекрасна и лесна салата за задоволни гости, која се припрема многу лесно и брзо, а не требаат и многу намирници.
Едноставно добро измешајте ја павлаката со урдата, додадете ја краставицата, ситно сецкана или рендана, истолчениот лук и мелените ореви.
Понекогаш урдата знае да биде попосна или помрсна, па спрема желба можите да додадете и минимално количество на масло. Најчесто воопшто не мора. Се убаво измешајте и распоредете во длабоки садови,
Чувајте ја во фрижидер до служење и украсете ја по желба.