Виенски колач со нутела и гоиџи бобинки
Се матат јајцата. Потоа се додава малку растопената нутела и се мати добро. Додадете ги брашното, пецивото, ванилата, какаото и се добро изматете до крај.
Во малку топла вода ставете ги бобинките и грозјето да омекнат. Кога се добро омекнати процедете ги од водата и додадете ги во смесата и промешајте со лажица.
Загрејте ја релната на 180 С. Истурете во плехче правоаголно обложенпо со хартија за печење и печете од 25-30 минути. Може да проверите и со чепкалка дали е печен колачот.
На страна стопете ја чоколадата со малку масло и полијте ја врз оладениот колач. Украсете со оризови чоколадни топчиња.
Многу лесен и брз колач, ќе го снема за миг.
Уживајте........
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Вчера шетајќи во продавница ги здогледав овие оризовите чоколадни топчиња и ми текна на твојот рецепт...изгледа тие ќе ми останат синоним за овој колач,се разбира после гоиџи бобинките