Венец од триаголници.
Лично, вкусно, декоративно
Прво во млакото млеко се ставаат квасецот и шеќерот со малку брашно.
Се промешува и нека се активира квасецот.
Потоа во вангличка постепено се додава јогуртот, растопениот путер, сол, јајце и постепено од брашното.
Се замесува средно нелепливо тесто.
Се покрива со чиста крпа, се остава на топло околу 20 минути, да нарасне.
Сега се дели на 4 топки. Сите се сучат во мали корички.
Две корички се премачкуваат со путер.
На секоја се става уште по една коричка.
Од двете купчиња се сучат правоаголни кори.
Се премачкуваат со фил од сирење и јајце.
Се завиткуваат какао ролат. Ролатите се сечат на триаголничиња.
Ростер тава бр.26 се премачкува со путер.
Во круг се редат триаголничињата по крајот на тавата.
Во средината на тавата се става некој предмет, кај мене тефлонска мала модла, се премачкува со путер и сега се редат триаголничиња со врвот нагоре.
Се премачкува погачата со изматено јајце, се наросува со сусам, кисни 15 минути и се печи околу 25 минути на 190 степени.
Нека подизлади малку и внимателно се одстранува тефлонското мало калапче.
Се сервира со марула во средината, со цвет од брокула.... изборот е ваш

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани