Идеален, вкусен, личен, празничен појадок, е мојот денешен предлог

1. Прво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно. Промешуваме и оставаме на страна. Во сад ги ставаме жолчките, шеќерот, ванилата, рум, кората рендана, втасаниот квасец, маслото сокот од портокал.
Кратко со миксер ги соединуваме Додаваме сол и постепено од брашното. Замесуваме меко тесто.
Го покриваме со прозирна фолија и го оставаме на топло да се дуплира.
2. Потоа нежно го истураме тестото на работната маса, формираме правоаголна кора.
Со чаша вадиме форми, кои ги редиме врз чиста кујнска крпа, која е ставена на послужавник.
Ги покриваме и оставаме да одморат 20 минути.
3. Сега во тенџере загреваме масло на умерен оган, од 1 до 9, пржев на 5
Во маслото ставаме по 3-4 крофни, да има место меѓу нив, со горната страна, ги ставаме во маслото. Покриваме со капак и така ги пржиме околу 2 минути.
Потоа го вадиме капакот, ги превртуваме крофните и пржиме уште околу 2 минути.
Внимаваме, да не останат во средината живи.
4. Испржени ги редиме на хартиени салфетки.
Ги валкаме во шеќер во прав и уживаме во нивниот прекрасен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани