Подготовка:

1. За почеток на овој интересен кекс, се спремаат зајчињата. Јас ги спремив еден ден порано, така ми дозволуваше времето. Од состојките за зајачиња правиме и печеме пандишпан, па кога ќе излади ги вадиме формите на зајчиња со метални калапчиња. Зајачињата се кафенки, можете да им ставите и чоколада, нарендана во составот.

2. Од останатите состојки го спремаме белиот дел на кексот. Во садот каде ќе матиме го ставаме путерот и шеќерот и матиме добро да се соединат. Ја додаваме и наренданата кора од портокал, а потоа и јајцата едно по едно. Ставаме сол, млеко, пециво и на крај го додаваме брашното. Во калапот каде ќе печеме, ги редиме зајчињата во средината, едно до друго.

3. Белото тесто го ставаме во шприц или кеса, на која ќе и го отстраниме врвот. Полека од страните ќе го полниме калапот со белото тесто. Ставаме од сите страни и нежно со шпатула го поврзуваме да има насекаде од смесата. Ставаме и на површината на зајчињата да се покријат ушите.Така спремното рецептче го ставаме во загреана рерна, па печеме на 200 степени или на 180 со вентилатор. Кога е печено го оставаме да излади, па го наросуваме со шеќер во прав. Сечеме внимателно, зашто тестото е ровко и превкусно. На здравје и среќни празници

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови