Испечати

Велигденски кекс

Велигденски кекс

Состојки

  • 200гр путер или маргарин
  • 150гр шеќер
  • 1паковка нарендана кора од портокал 100гр
  • 1 сол прстофат
  • 3јајца м големина
  • 225гр брашно
  • 3лажичиња пециво
  • 1лажица млеко
  • За темните зајачиња
  • 3 јајца
  • 7лажици шеќер
  • 4грама пециво
  • 1 ванила
  • 4лажици брашно
  • 4лажици вода
  • 2лажици какао
  • 4лажици ореви
  • шеќер во прав за попрскување

Подготовка

Подготовка:

1. За почеток на овој интересен кекс, се спремаат зајчињата. Јас ги спремив еден ден порано, така ми дозволуваше времето. Од состојките за зајачиња правиме и печеме пандишпан, па кога ќе излади ги вадиме формите на зајчиња со метални калапчиња. Зајачињата се кафенки, можете да им ставите и чоколада, нарендана во составот.

2. Од останатите состојки го спремаме белиот дел на кексот. Во садот каде ќе матиме го ставаме путерот и шеќерот и матиме добро да се соединат. Ја додаваме и наренданата кора од портокал, а потоа и јајцата едно по едно. Ставаме сол, млеко, пециво и на крај го додаваме брашното. Во калапот каде ќе печеме, ги редиме зајчињата во средината, едно до друго.

3. Белото тесто го ставаме во шприц или кеса, на која ќе и го отстраниме врвот. Полека од страните ќе го полниме калапот со белото тесто. Ставаме од сите страни и нежно со шпатула го поврзуваме да има насекаде од смесата. Ставаме и на површината на зајчињата да се покријат ушите.Така спремното рецептче го ставаме во загреана рерна, па печеме на 200 степени или на 180 со вентилатор. Кога е печено го оставаме да излади, па го наросуваме со шеќер во прав. Сечеме внимателно, зашто тестото е ровко и превкусно. На здравје и среќни празници