Оваа торта е една прекрасна и превкусна чоколадна торта каде не мора да вклучите миксер. И пандишпанот и филот се прават само со мешање. А тортата е совршенство, ви гарантирам. Нема маргарин, нема дури ни јајца. Филот ми е стандарден, го користам секогаш кога правам чоколадна торта зашто е најдобар, само овој пат не ставив слатка павлака, туку неутрална и отсега се префрлам на неутрални хопли и за филовите за торти и колачи. Бидејќи ја правев за Велигден, ставив и мали декорации тоа што имав при рака, а јајцата ги направив од локум. Мерата е мала чашка од јогурт.

Се мешаат убаво сите состојки за пандишпанот со лажица да нема грутчиња. Смесата се истура во калапот за торти од Винчини, долу обложен со хартија.
Се пече 20тина минути на 200 степени.
После печењето се лади и откако ќе се излади убаво се сече хоризонтално на 3 слоја.

Додека се пече пандишпанот, загрејте ја растителната павлака, додадете го чоколадото и кремот и мешајте константно додека не се добие убав мазен и течен фил. Веднаш ставете го во замрзнувач да се лади и мешајте повремено.
Откако и пандишпанот и филот ќе бидат оладени, извадете го пандишпанот од калапот, отстранете ја хартијата и сечете го внимателно со голем нож на 3 кругови.

Пригответе 1 шола инстант кафе, капучино, млеко со какао или обично млеко по желба.

Ставете 1 кора на чинијата за торти, попрскајте ја со млеко и нанесете фил. Повторете ја постапката и со другите 2 кори и со останатиов фил убаво премачкајте ја целата торта. Оставете ја во фрижидер да се лади, а во меѓувреме подгответе ги јајцата од локум.

Земете 1 локум, додавајте шеќер во прав и густин додека не престане да се лепи.
Додадете и малку прехранбена боја и измесете го убаво и оформете мали јајца или фигури по желба.

*Напомена-во овој рецепт повеќе сакав да го истакнам пандишпанот, зашто секогаш сме во потрага по добри пандишпани, а најчесто добрите се и посложени и бараат повеќе време за подготовка. Овој е едноставен, а одличен и во вкус и во волумен и прилично евтин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови