Велигденска путер погача
Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги спојуваме квасецот, сол, масло, оцет, јајце и белка.
Промешуваме.
Додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто, кое не лепи на рацете.
Го покриваме со проѕирна фолија и оставаме да се дуплира.
Потоа без премесување го делиме на 3 топки.
Едната топка ја тргаме на страна, а двете топки ги делиме на по 2 дела.
Од првото големо топче сучиме кора.
Јас многууу танко премачкав со путер при расукувањето.
Ја делиме на 8 триаголници и правиме по 3 засеци, како на сликата.
Виткаме кифли.
Ги редиме во малку намастена тава.
Сега земаме три топчиња.
Ги расукуваме како мали корички и ги премачкуваме со растопен путер двете.
Редиме една врз друга.
Од вака подготвени формираме кора.
Ја делиме на 8 дела, триаголници.
На секој триаголник во средината му правиме засек.
Тука со рака ги завиткуваме.
Ги редиме меѓу кифличките.
Од останатото 4 топче сучиме правоаголна кора, која ја виткаме како ролат.
Ја сечеме на 3 парчиња поголемки и едно мало за во средината.
Ги сечиме и нив накосо и ги поставуваме во средината.
Погачата ја покриваме и оставаме да втаса 20 минути.
Ја премачкуваме со премазот и ја печиме во загреана рерна на 180 с околу 30 м
Рецептот е од мојата пријателка Јета.
Таа печела во тава бр 28 од цела количина, а јас правев од половина количина на состојки и печев во тава бр 26.
Лиценца: Сите права се задржани
Па ти си млада, ќе научиш
Животот е школо
Едноставно јас обожавам да месам, готвам
Потешко ми е прашина да избришам хаха
Само криво ми е од невнимание, брзински сликав, најверојатно камерата ми била нечиста, не обрнав внимание....
Погачава заслужува почиста слика.... Ама тоа е...се изеде додека ја поставував тука
Za mnogu godini denot da e
Cuvajte se. Pozz