Познатата Васина торта директно од тефтерот на мајка ми. Памтам уште ко бев дете дека тортава беше хит меѓу домаќинките, а мене не ми беше ништо посебно. Ми требаше да пораснам за да сфатам зошто е толку посебна и убава и важи за една од најдобрите торти на овие простори. Оваа торта беше подготвена за Божиќ.

Подготовка

За пандишпан
Се матат јајцата со шеќерот убаво, се додаваат мелените ореви и просеаното брашно со пецивото и се мешаат полека со дрвена лажица.
Смесата се истура во плех обложен со хартија или во тавчето во кое мислите да печите, имајќи на ум дека пандишпанот ќе ви биде база на тортата. Овде пандишпанот е поделен на 2 ленти и тортата е на 2 спрата.
Се пече на 180 степени 15-20 минути, проверете дали е печен и порано.

Фил
Прво жолчките се разматуваат, се мешаат со шеќерот и се ставаат на пареа кратко да се сварат колку да се пастеризираат. Дур е смесата жешка, се додава и чоколадото да се растопи, се меша и се тргна на страна да се олади.
На страна се вари млекото, во него се додаваат мелените ореви и се остава да се олади.
Откако ќе се оладат двете смеси, се мати маргаринот со миксер, во него се додава смесата со жолчки и мелените ореви, се мати убаво и на крај се додава сокот од портокал и кората од лимон.

Пандишпанот се дели на 2 ленти, се зема едната лента, се попрскува со 1/4 сок од портокал и се нанесува половината фил. Врз неа се става и втората кора и се повторува постапката.

Најгоре се нанесува шамот.
Се матат убаво белките, а на страна се вари шеќерот со водата 10тина минути. Приготвениот сируп се додава капка по капка кон изматените белки и се продолжува со матење додека не се потроши целиот сируп. Смесата од белки се нанесува одозгора врз тортата.
Тортата е највкусна да се консумира наредниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови