Варени ќофтиња
Овие ќофтиња може да се припремаат на два начини, претходоно сварени.
Месото ставете го во сад, додајте ги зачините, јајцето, раздробената средина од леб претходоно ставена во малку млеко и исцедена, јајцето, брашното, пецивото, морковот кромидот и убаво замесете да се соединат сите состојки.
Ставете во поголем сад(од 3 литри) да зоврие 2 литри вода. Правете топчиња во величина на едно пинг-понг топче можи и помали. Ставајте ги настрана на чинија додека ги направите сите. Кога водата ќе почне да врие полека едно по едно ставајте во водата поклопете ги со капак да се варат 15-20 мин. на среден оган или проверете дали се сварени.
Прв начин.
Во садот ставете го сосот(на загреано масло ставете да се пржи кромидот додека се застакли (не мора кромид, но дава поинтезивен вкус на сосот), ставете го брашното кратко запржете да не ја смени бојата и ставете го црвениот пипер измешајте), оставете да се крчка уште 5 мин.
Втор начин.
Варените ќофтиња извадете ги од водата која се вареле, ставете ги во плех кој ќе ги собере сите. Оделете 750 мл. (или повеќее) од водата која се вареле, во нејзе ставете го сосот малку нека покрчка па ставете го на ќофтињата. Ставете ги во загреана рерна на 250 степени 15-20 мин додека малку потемнат. На овој начин овој сос најдобро оди. ---250 мл. кисела павлака измешана со 2 јајца и 100-150 гр. рендан пармезан.
На сликата јас правев дупла доза без кромид во состојките, сосот е редок со 1 лажица брашно. На првиот начин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови