Ванилици со маст и маргарин
Еден комбиниран рецепт за ванилици, највеќе за да не се бунат домашните ради количината на маст =)))
Ова е половина доза, излегуваат отприлика 30тина ванилици во зависност од модличката која ќе ја употребите. Сокот од лимон им дава сосем малку киселкаст вкус, но нас ни се допаднаа и така.
Доколку не сте љубители на маст или немате може да се направат и само со маргарин, вкусни се и така.
1. Во подлабок сад ставете ги сите состојки и со рацете замесете меко тесто кое не се лепи, па оставете во фрижидер додека се загрева рерната.
2. На малку набрашнета површина развлечете кора со дебелина од 4-5мм па со модличка вадете форми. Наредете ги на плех обложен со хартија и ставете да се печат во загреана рерна. Треба да ви останат бели. Оставете убаво да се изладат, па лепете по две со мармалад и извалкајте во шеќер во прав.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
и јас сум повеќе за со маст, но мора да се задоволат сите вкусови, па се најдовме на пола пат :)
Дороти користев од мешаниот мармалад за кој има поставен рецепт
http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B5%D1%88%D0%B0%D0%BD-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%B4-%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%B2/