Ванила бухтли
Преубави, превкусни...
- Во садот во кој ќе месите ставете го млакото млеко, 2 лажици шеќер, прстовет сол, 2 лажици брашно и квасецот. Размешајте и оставете 10 мин. да се запени.
- Откако стасал квасецот, во него ставете го на собна температура смекнатиот путер или маргарин, шеќерот, ванилата, 4 жолчки. Размешајте добро.
- Додадете го брашното и измесете фино податно тесто - оставете да стаса.
- Стасано извадете од садот, размесете и оформете на топчиња, наредете ги во малиот ростер тавата на една малечка раздалеченост, покријте и пак оставете да стаса.
- Откако стасале - премачкајте со една во павлака или млеко разматена жолчка ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 мин.
Нека ви е слатко, меки се како душа.
Забелешка
- Ова тесто сосема одговара и за некја слатка погача, оформете во форми какви вие што сакате.
- Овие бухтли можат и да се полнат со некој мармалад - кајсија или од модра слива, но јас ги сакам токму вакви. Кога ги полнам - мармаладот од кајсија најмногу го сакам.
- Внимавајте при печењето - треба да бидат зацрвенети одозгора, но јас бидејки заборавив на нив во опрделеното време, малку повеке ги исунчав - хихи, но како и да е... прубави се.
- Не ги посипувајте со шеќер во прав, јас ги посипав колку да “ заваравам траг од пресончаноста“. )))))))
Лиценца: Сите права се задржани
Почитувани, еден од главните критериуми за избор на Рецепти на денот и Рецепти на месецот е добра фотографија. Ве молиме посветете повеќе внимание на фотографиите, бидејќи иако имате добри рецепти, нема да можат да влезат во изборот.
Правилата за избор на рецепти на денот и рецепти на месецот
http://moirecepti.mk/post/izbor-na-recepti-na-denot-recepti-na-mesecot
Како да направиш добра фотографија
https://www.youtube.com/watch?v=Mprf1fppwDE
Несакам да прозвучи самобендисано, ама морам да кажам дека воопшто не е погрешено кога е избран рецептот, едноставно си заслужува... откако некој ке се одважите да го испробате рецептот, ке се сложите со целото напред напишано... Благодарам уште еднаш,