Ванила бухтли
Состојки
- За тестото
- 8 гр. инстант квасец
- 550-600 гр. брашно за кисели теста
- 250 мл. млеко
- 100 гр. путер или маргарин
- 100 гр. шеќер
- 2 ванили
- прстовет сол
- За премачкување
- 1 жолчка
- 2 лажици течна павлака или млеко
Подготовка
Преубави, превкусни...
- Во садот во кој ќе месите ставете го млакото млеко, 2 лажици шеќер, прстовет сол, 2 лажици брашно и квасецот. Размешајте и оставете 10 мин. да се запени.
- Откако стасал квасецот, во него ставете го на собна температура смекнатиот путер или маргарин, шеќерот, ванилата, 4 жолчки. Размешајте добро.
- Додадете го брашното и измесете фино податно тесто - оставете да стаса.
- Стасано извадете од садот, размесете и оформете на топчиња, наредете ги во малиот ростер тавата на една малечка раздалеченост, покријте и пак оставете да стаса.
- Откако стасале - премачкајте со една во павлака или млеко разматена жолчка ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 мин.
Нека ви е слатко, меки се како душа.
Забелешка
- Ова тесто сосема одговара и за некја слатка погача, оформете во форми какви вие што сакате.
- Овие бухтли можат и да се полнат со некој мармалад - кајсија или од модра слива, но јас ги сакам токму вакви. Кога ги полнам - мармаладот од кајсија најмногу го сакам.
- Внимавајте при печењето - треба да бидат зацрвенети одозгора, но јас бидејки заборавив на нив во опрделеното време, малку повеке ги исунчав - хихи, но како и да е... прубави се.
- Не ги посипувајте со шеќер во прав, јас ги посипав колку да “ заваравам траг од пресончаноста“. )))))))