ммм...Кој е за бурито!?...Повелете еден вкусен рецепт!

Подготовка
Најпрво ги подготвуваме ќофтињата од пилешко месо.
1. Во сечко ги ставаме пилешките гради и ги мелеме. Ги додаваме зачините, лебните трошки и пак соединуваме.
2. Формираме мали ќофтиња и ги ставаме во намрсено тавче или на хартија за печење. Ги печеме околу 15 минути на 200 степени.
3. За тоа време упржуваме на масло ситно сечкан кромид и пиперките сечкани на ленти.
4. Ги додаваме процедените грав и пченка. Додаваме зачини и пржиме до соединување.
5. Ги додаваме веќе испечените ќофтиња и мелените пелати.
6. Упржуваме се додека да ни испари течнста од пелатите и се создаде еден густ сос.
7. Тортиљите ги премачкуваме со мајонез, редиме од смесата со ќофтиња, ставаме краставица сечкана во ленти, сечкани домати и сечкана свежа марула.
8. Ја виткаме тортиљата и уживаме во овој превкусен оброк.

Забелешка
Пелатите ги мелев во Нутрибулет.
По желба и вкус додадете гвакамоле.
За ќофтињата ја користев алатката на Делимано за подготовка на ќебапчиња, со тоа што ги истиснував па сечкав и потоа правев мали ќофтенца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани