Бурито со пилешки ќофтиња
Состојки
- 6 пченкарни тортиљи
- 1 мала конзерва црвен грав
- 1 мала конзерва пченка
- 1 кромид
- 1 зелена лута пиперка
- 1 црвена лута пиперка
- 1/2 конзерва пелати
- зачини по вкус( чили, бибер, сол, оригано, буковец, сушен магдонос, босилок)
- За ќофтиња
- 700 гр пилешки гради
- 1 лажица лебни трошки
- зачини по вкус(бибер, мешан сув зачин, гиро зачин,буковец)
- Додаток зеленчук
- 1/2 зелена салата
- 1-2 домати
- 1 краставица
- дополнително мајонез
Подготовка
ммм...Кој е за бурито!?...Повелете еден вкусен рецепт!
Подготовка
Најпрво ги подготвуваме ќофтињата од пилешко месо.
1. Во сечко ги ставаме пилешките гради и ги мелеме. Ги додаваме зачините, лебните трошки и пак соединуваме.
2. Формираме мали ќофтиња и ги ставаме во намрсено тавче или на хартија за печење. Ги печеме околу 15 минути на 200 степени.
3. За тоа време упржуваме на масло ситно сечкан кромид и пиперките сечкани на ленти.
4. Ги додаваме процедените грав и пченка. Додаваме зачини и пржиме до соединување.
5. Ги додаваме веќе испечените ќофтиња и мелените пелати.
6. Упржуваме се додека да ни испари течнста од пелатите и се создаде еден густ сос.
7. Тортиљите ги премачкуваме со мајонез, редиме од смесата со ќофтиња, ставаме краставица сечкана во ленти, сечкани домати и сечкана свежа марула.
8. Ја виткаме тортиљата и уживаме во овој превкусен оброк.
Забелешка
Пелатите ги мелев во Нутрибулет.
По желба и вкус додадете гвакамоле.
За ќофтињата ја користев алатката на Делимано за подготовка на ќебапчиња, со тоа што ги истиснував па сечкав и потоа правев мали ќофтенца.