Подготовка:

1. Во длабок сад се става брашното, маслото, белото вино, пецивото, солта и шеќерот. Се замесува тесто потврдо од кифлите. Се додава уште малку брашно, ако е лепливо. Тестото треба да биде мазно и лесно на рака.
2. Се сука правоаголна кора широка околу 25см. Се премачкува со јајце и се поросува со црвена пипер и сусам .Се премачкува со четче. Се превртува од другата страна, се премачкува со јајце и се става афион. Врз тестото се поминува со сукало, за убаво да се залепат сусамот и макот. Се сечат ленти од 1см и се превиткуваат како спирали-бургии.
3. Се печат на 180С-25мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани