Бунарче
Потребен е длабок сад или поголемо тенџере за спремање на овој коктел и секако, добро друштво ;).
Во таков, измешајте ги сите течни состоки. Овошјата ситно исецкајте ги и турете ги во садот. Промешајте и готово!
Најдобра прилика да се прави и конзумира е со собрано друштво, затоа што се служи веднаш по приготвувањето. Секако соодносот на состојките можите да си ги прилагодите спрема вкусот, како и количината на истите. Се тура со помош на кутлача лажица во широки чаши .
Од овошјата, лимонот е обавезен, додека другите наведени се по желба, но сепак препорачливи и зависат од вкусот и желбата на конзументите.
Најзгоден сок е швепс или некој со вкус на лимон, спрајт, 7up... но, по моја препорака пробајте со Синалко егзотик, односно сегашен fresco. Мојата најидеална комбинација, како на сликава е минерална вода, сок егзотик, вино и лимони, но другите опции се сепак избор на вкус. Во краен случај, варијабилноста на овој коктел оди и до таму, што оние кои не сакаат алкохолните пијалоци да им се мешаат со блажина, сокот го изоставаат.
Лиценца: Сите права се задржани