Булгур со ками
Ова е посебно брз и лесен оброк кој го сакам најмногу од разните варијанти на ,,лесна храна,,.
На оган во сад со нелеплива површина се става маслото да се загрее, се додава ситно сечкан кромидот да се омекни со пржење, се ставаат и пиперките сечкани на траки, нека се подомекнат и тие некои 3-4 мин. Се става сега доматната салца цело време пржиме под капак.
Булгурот следува и зачините. Се налева врела водата и нека си вари некои 10 мин. толку е доволно да не се превари булгурот. Ставаме магдонос сечкан и поклопуваме со поклопец да си прими убаво од аромата .
Се служи топол, но мене ми е убав ладен, посебно добра комбинација е прелиен со јогурт најгоре...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови