Буковки со магдонос
За подготовка на печурките буковки, земаме длабок сад во кој што ја ставаме водата да врие. Додаваме сол и ги ставаме печурките да зовријат околу 10 минути. Откако ќе зовријат убаво, ја истураме водата и ги оставаме печурките да се оладат.
На страна во дрвен сад ги толчиме магдоносот, солта и лукот. Смесата ја изедначуваме.
Оладените печурки ги сецкаме на ситни парчиња и ги ставаме да се пржат во врел зејтин. Зачинуваме со сол и црн бибер. Откако се прженки ги вадиме од садот и ги додаваме во саламурата која претходно ја подготвивме. Промешуваме убаво за секоја печурка да добие вкус на лукчето.Сервираме.....На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Може да ти биде личен пример за следните рецепти :)
Поздрав,
МоиРецепти
Поздрав