Буковки со магдонос

Состојки
- 1 паковка буковки печурки
 - 1 голема главица лук
 - 1 лажица сол
 - 1 китка магдонос
 - 100 гр зејтин
 - 2 литри вода
 
Подготовка
За подготовка на печурките буковки, земаме длабок сад во кој што ја ставаме водата да врие. Додаваме сол и ги ставаме печурките да зовријат околу 10 минути. Откако ќе зовријат убаво, ја истураме водата и ги оставаме печурките да се оладат.
 На страна во дрвен сад ги толчиме магдоносот, солта и лукот. Смесата ја изедначуваме.
 Оладените печурки ги сецкаме на ситни парчиња и ги ставаме да се пржат во врел зејтин. Зачинуваме со сол и црн бибер. Откако се прженки ги вадиме од садот и ги додаваме во саламурата која претходно ја подготвивме.  Промешуваме убаво за секоја печурка да добие вкус на лукчето.Сервираме.....На здравје