22
апр
2014
Брускети со сос за паста
Ова е само идеја како да го искористите сосот за паста кој ви останал и стариот леб.
Парчињата леб премачкајте ги со малку маслиново масло и ставете ги во нелеплива тава, најдобро грил, да се запечат и станат крцкави.
Сосот за паста ставете го уште малку на оган ако е поредок за да се редуцира течноста. Ако е густ овој чекор прескокнете го. Потоа на секое парче леб ставете од сосот, нарендајте кашкавал и оригано, и уживајте.
Мојот сос беше со мелено месо, црвени пиперки, моркови, домати, кромид...
Лиценца: Сите права се задржани